Се продава стан на Водно во зграда веднаш под Панорамика, кој е многу светол, со големи прозори и отворен поглед, кој овозможува природна светлина преку целиот ден. Станот е на втор кат од 3, во мала зграда.
Станот има 77м² и чист имотен лист, просторен распоред, голема дневна соба со кујна и трпезарија, спална соба, бања и голем балкон со отворен поглед. Со можност за лесно изведување на втора спална соба, доколку е потребно.
Греењето и ладењето се со две инвертер клими. Обезбедено паркинг место, на паркинг само за станарите.