За нас

Успешната приказна на Дом Дизјан започна во 1993, кога двајца ентузијасти, архитекти основаа компанија, која во годините што следат, ќе прерасне во лидер на нашите простори за сите услуги врзани со недвижостите.

Нашата мисија е да понудиме комплетна услуга со стручен пристап, професионалност, посветеност на деаталите и  максимална заштита на нашите клиенти. Дом Дизјан Ви нуди високо квалитетно и ефикасно дејствувње и одговори на сите Веши барања врзни со недвижности, на принципот “one stop services”.

Повеќе за услугите кои ги нудиме прочитајте во делот на услуги.

Временска Рамка – историјат

1993 – Отварање на компанијата, во тоа време како прва агенција за недвижности со понуда на исклучително квалитетни услуги во областа на посредување со недвижен имот

1993-2004 – Конитинуиран раст со созадавање на brand кој станува синоним за надобри услуги на пазарот на недвижности во Македонија. Како во старата изрека сите патишта водат во Рим, во Македонија, врзано со работа со недвижности, сите патишта водат во Дом Дизјан

1998 - Проширување на услугите на нашата компанија во областа на процени на недвижности и судски вештачења во областа на градежништво и архитектура

2004 - Преку оформувањето на фирмата ќерка Дом Инвест Милениум, започнува нашиот раст со инвестиции во градба и започнуваме со градба на повеќе објекти

  • 2004-2005 - изградена и продадена првата станбена зграда во Скопје на ул. Народни Херои бр. 2, Кисела Вода, Скопје
  • 2004 – 2005 - како избран главен изведувач на работи ја градиме Болницанта за онкололгија, во Клиничкиот Центар во Битола, донација на Амбасадата на САД за граѓаните на Македонија
  • 2005 -2006 изградена и продадена станбена зграда во Скопје на ул. Козле бр. 3А, Козле, Скопје
  • 2007-2008 изградена и продадена станбена зграда во Скопје на ул. Иван Аговски бр. 4, Карпош 1, Скопје
  • 2011-2012 изградена и продадена станбена зграда во Скопје на ул. Партизански Одреди бр. 48А, Карпош 1, Скопје

2007 - 2008 – За наши сопствени потреби, ја градиме првата деловна зграда на ул. Борка Талески 12Б, Центар, Скопје

2008 - Во склад со новиот Закон за градење и потребите на нашето работење, Дом Дизајн се стекнува со лиценци за проектирање и надзор

2012 - Во склад со новиот Закон за процени и потребите на нашето работење, Дом Дизајн се стекнува со лиценца за вршење на работи за процени од областа на недвижен имот

2014 - Во склад со новиот Закон за процени и потребите на нашето работење, Дом Дизајн се стекнува со лиценца за вршење на работи за процени од областа на транспортни средства имот

2014 - Во склад со Законот за енергетска ефикасност и потребите на нашето работење, Дом Дизајн се стекнува со лиценца за вршење на работи од областа на енергетска контрола

2016-2017 Правиме замена на нашиот деловен простор и ја завршуваме новата станбено деловна зграда на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.32, Центар, Скопје (наше актуелно седиште)

2017- денес, продолжуваме да работиме да се подобруваме и надградуваме на сите полиња..


Дом Дизајн.© Сите права задржани. 2024     Web Design by BNS